Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука, со која од 1 јануари 2026 година се намалуваат трите клучни ставки што влијаат врз крајната цена на електричната енергија.
Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%, надоместокот за преносниот систем на МЕПСО се намалува за 2,67%, а цената на услугите на МЕМО опаѓа за 3,40%.
“Со оваа одлука сега се познати сите елементи што ја формираат крајната цена на струјата – цената и количината на набавената електрична енергија, услугите на мрежните оператори и затворените набавки за загуби. Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, под надзор на РКЕ, треба да ја направи пресметката и да ги објави финалните цени по тарифни блокови, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Бислимоски посочи дека делот кој РКЕ го регулира има влијание од околу 36% врз крајната цена на струјата.


