Од 30 автобуси што вршат превоз на ученици, 23 упатени на вонреден технички преглед

Сподели

 

 МВР спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, исклучени од сообраќај се пет возила кои вршат јавен превоз.

Изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за технички неисправни возила.