Во Софија со концерт ќе биде одбележана 35-годишнината од независноста

Сподели:

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи концерт по повод 35 години независност на Македонија.

Пред публиката ќе настапат оперскиот пејач Никола Зацески и пијанистот Бојан Димитровски, кои со своите интерпретации ќе понудат празнична музичка програма посветена на македонската култура и музичка традиција.

Од КИЦ во Софија посочуваат дека концертот е посветен на одбележувањето на 8 Септември и претставува музичка прослава на македонската култура, традиција и независност.

Сподели: