Вести Македонија Текстови

„Од безбедносни причини“ Делегацијата на ЕУ ја откажа средбата со невладините огранизации

Сподели:

eu-info-centre

Делегацијата на Европската Унија во Македонија од безбедносни причини ја откажа средбата со невладините организации која беше закажана за денеска во 10 часот.

Дел од невладините организации прифатија да учествуваат на консултациите со амбасадорите, а дел го откажаа своето присуство.

– Делегацијата на ЕУ и понатаму останува отворена за соработка со невладиниот сектор  – кусо соопштија од таму.

Околу 20 невладини организации вчера најавија собир пред делегацијата на ЕУ на кои требаше да соопштат дека нема да учествуваат на консултациите бидејќи на нив е повикано и Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) кои се залагаат за укинување на невладините и граѓанските организации.

Веројатно поради можноста собирот да прерасне во протест делегацијата го откажа состанокот со невладините организации.

http://meta.mk/od-bezbednosni-prichini-delegatsijata-na-eu-ja-otazha-sledbata-so-nevladinite-ogranizatsii/

Сподели: