Вести Македонија

Од денеска само Црвениот крст ќе дели помош, неофицијалните пунктови се затвораат

Сподели:

 

crven-krst_1

Почнувајќи од денеска, сите пунктови на кои се собира хуманитарна помош за населението погодено во катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд ќе бидат затворени, информираат од Црвениот крст.

Од таму велат дека помош за настраданите ќе се собира во магацините на Црвен крст во Момин Поток и во училиштето Наум Наумовски Борче, а од таму активистите на Црвен крст со камиони ќе ги дистрибуираат директно до оние граѓани на кои најмногу им е потребна помош.

– Целата организација околу донациите од денеска ќе ја преземе Црвениот крст. Секој што сака да донира, тоа може да го направи во Момин Поток или училиштето Наум Наумовски Борче, а ние од таму со камиони ќе носиме од куќа до куќа – велат од Црвен крст.

Најпотребни продукти се конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија обвинувања и негодувања дека хуманитарната помош донирана од граѓаните, која доброволци ја собираа на неколку пунктови во Скопје, не им се дава на оние на кои им е најпотребна, туку се препродава или пак се остава сред село и секој си зема она што сака без оглед дали има потреба од тоа, а голем број граѓани од поплавените подрачја не можеле да стигнат до вода или облека. Некои граѓани даваат предлози, продуктите да се обележуваат со маркер за потоа да не можат да се продаваат.

Досега вкупно се собрани 139.885 евра од кои 52.308 од Фондот на солидарност  и 87.577 од телефонскиот број за донации.

Жиро сметката на Фонд на солидарноста каде што граѓаните можат да донираат е 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Податоци за сите кои сакаат да донираат во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Од Црвениот крст апелираат граѓаните да ги следат инструкциите за помош за поефикасно справување со последиците од несреќата.

 

Сподели: