Путин му се заблагодари на Трамп за информациите за нападот на Санкт Петербург

Сподели

Владимир Путин му се заблагодари на  Доналд Трамп за доставување на разузнавачки сознанија, што доведоа до апсење на лица осомничени за планирање на терористички напад во Санкт Петербург.

Руската полиција соопшти дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) доставила разузнавачки информации кои му помогнале на руското Федерално безбедносно биро да ги пронајде и да ги уапси лицата кои се сомничат дека наскоро планирале изведување терористички акт во Санкт Петербург.

Путин истакнал дека и руските разузнавачки инстанци се подготвени со американските колеги да споделат информации, доколку дојдат до какви било сознанија за можна терористичка закана за САД.