Од денеска вакцинација и во малата сала од А1 СЦ Борис Трајковски

Сподели

 

Од денеска почнува вакцинација во малата сала од A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат, тоа може да го направат без да закажат термин.

Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.