Вести Свет

Од хотелот во Италија затрупан во лавина извлечени 18 тела, се трага по 11 лица

Сподели:

Пред една недела, во централниот дел на Италија се случи земјотрес што предизвика снежна лавина. Лавината сруши хотел, од чии урнатини досега се извлечени 18 тела, јавува Anadolu Agency (AA).

Лавината падна врз хотелот „Ригопиано“, и веќе 6. ден се трага по исчезнатите лица кои престојувале во хотелот. Локалните власти на Пескара изјавија дека досега се извлечени телата на 18 лица, со што бројот на исчезнатите лица се намали на единаесетмина.

Спасувачките екипи без престан продолжуваат да работат на пронаоѓањето на исчезнатите под урнатините на хотелот.

Четириесет часа по несреќата, во саботата, од урнатините беа спасени единаесетмина преживеани посетители на хотелот.

Хотелот „Ригопиано“ се наоѓа на околу 180 километри од главниот град Рим, во подрачјето на националниот парк Гран Сасо. Минатата недела ова подрачје беше погодено од серија земјотреси со јачина над 5 степени според Рихтер. Четвртиот земјотрес предизвика лавина што го затрупа хотелот „Ригопиано“.

Од друга страна, пак, додека траат работите околу извлекувањето на лицата од урнатините на хотелот „Ригопиано“, се случи уште една несреќа. Во близина на подрачјето погодено од лавината, се урна хеликоптер. Хеликоптерот во болница пренесувал скијач што ја скршил ногата. Шест лица ги загубија своите животи во оваа несреќа.

Сподели: