Од можните решенија е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на составот на Судскиот совет

Сподели

 

Министерот за правда, Кренар Лога денеска изјави дека најавените законски измени ќе треба да се донесат со консензус меѓу сите политички партии во Собранието, во однос на можноста со законските преодни одредби да се овозможи распуштање на Судскиот совет и престанок на мандатот на сегашните членови на Судскиот совет.

“Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите кои што може ние да ги имаме како решение. Тоа што се случи во Судски совет сите не загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Повеќе информации ќе добиеме во следните денови, откако ќе разговарам и со опозицијата во Собранието”.

Прашан дали ги добил сите записници од седниците на Судскиот совет, Лога рече дека се уште го немаат добиено записникот кој го барале, како и дека не добиле ниту објаснување за тоа.

– За жал записникот што ние го бараме, до ден денеска не е доставен до Министерството, изјави Лога.