Вести Македонија Ударни вести

Од полноќ дизелот поскапува за 3 денари

Сподели:

 

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за три денари, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари, додека на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,50 денари. Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93 денари за литар, а мазутот М-1 НС 51,686 денари за килограм.

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 22.08.2022 година.

Сподели: