Вести Македонија Ударни вести

Од полноќ поевтинува дизелот за 2,5 денари

Сподели:

 

Од полноќ малопродажната цена на дизел горивото се намалува за два и пол денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно својата најнова одлука.

Со најновото поевтинување, од ноќеска на полноќ дизел горивото на бензинските станици низ земјава ќе се продава по цена од 76 денари за литар. И екстра лесното масло за домаќинство и тоа за два денара за литар и од вечерва ќе чини 75 денари за литар.

Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 82 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе чини 84 денари за литар.

 

Сподели: