Вести Македонија Ударни вести

Од полноќ поевтинува дизелот за еден денар

Сподели:

 

Од полноќ, цените на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1 и половина денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од вечерва ќе изнесува 80,5 денари за литар, а литар Екстра-лесното масло ќе чини 79,5 денари.

За 1,372 денари за килограм се намалува и цената на мазутот, кој од полноќ ќе чини 39,283 денари за килограм.

 Цените на бензините не се менуваат.

Сподели: