Од полноќ поскапуваат горивата

Сподели

 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) се зголемуваат за 2,00 ден/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/литар.