Од утре летно работно време на паркинзите на „Градски паркинг“

Сподели

 

Од утре ќе важи летното работно време на јавните површини – зони за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

-Корисниците на јавните паркиралишта треба да ги запазат промените, односно плаќањето за паркирање да се извршува во наведеното време, со цел да не дојде до непотребна санкција, соопшти „Градски Паркинг“.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д, ќе биде од понеделник до сабота: 07:00 – 23:00 часот.