Од утре не важи бесплатниот јавен превоз за пензионери, студенти и средношколци

Сподели

 

Согласно со актуелната состојба со корона вирусот, како една од мерките и препораките на Владата за намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот, Ве информираме дека од утре (12.03.2020 година) нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години, мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичницата на Водно.

Според препораките и поради тоа што наставниот процес е прекинат, Ве информираме дека од утре, четврток (12.03.2020 год) нема да важат ниту бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници и редуцираниот јавен превоз во наредните две недели е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е привремена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки – соопштуваат од Град Скопје.