Став на Министерството за економија по однос на барањата на туристичките комори

Сподели

 

По однос на барањата од страна на Туристичкото стопанство, Министерството за економија укажува дека РС Македонија како и повеќе земји во светот се наоѓа во ситуација каде што се соочуваме со предизвици и последици кои се резултат на COVID-19 .

Во моментот Владата работи во насока на превенција и намалување на бројот на заразени, како и кординација на сите институции согласно препораките од Светска здраствена организација (СЗО).

Мерките и препораките предложени од страна на Владата важат за сите граѓани во државава, сите субјекти и сите институции вклучувајки ја и Владата на РСМ.

Како Министерство, ја следиме ситуацијата во сите индустриски гранки во земјата и свесни сме за последиците, но во моментот приоритет е здравјето на нашите граѓани.

Според нашите информации штетите во туризмот ке бидат најголеми имајќи ги предвид и резултатите од другите земји. Според информациите од туристичките комори има значителен број на откажувања или одложувања на најавени групи кај хотелиерите и туристичките агенциите кои работат дојдовен туризам, намален број на индивидуални резервации,  значителни откажувања на најавените семинари, конференции и настани, oтсуство на интерес за посети како резултат на претпазливост, намален интерес и отежнати продажби на распишаните аранжмани за сите дестинации, бројни барања за прекин на договор за организирано патување во странство поради претпазливост како и други откажувања.

Министерството за економија по однос на барањата за мерките од Туристичкото стопанство го има следниот став:

Туристичките здруженија и комори да достават анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конфетенции и продажба на аранжмани и истите да ги достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите Комори и Здруженија.

Имајки предвид дека дел од мерките се поврзани со даночни олеснувања задолжително да се направи анализа од страна на Министерството за финансии, како и Министерството за култура во делот на барањата за правилникот на ЗАМП.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот согласно своите надлежности да направи анализа за можностите за промена на Програмата за работа како и пренамена на средствата предвидени за Субвенции за странски организиран туристички промет во Фонд за туризам со цел обесштетување на засегнатите страни.

Што се однесува до мерките кои се директно под надлежност на Министерството за економија укажуваме дека туристичкото стопанство ќе има максимална подршка, односно предлогот за осигурување на аранжмани е прифатлив и истиот е предвиден во измените на Законот за туристичка дејност.

Уште при последниот состанок на Кординативното тело за туризам Министерството за економија ја подржувше мерката “Конференции, симпозиуми, семинари и други настани кои се во организација на државни институции, општини или други јавни установи наместо да се предвидат надвор од државата да се организираат во нашата држава во објекти кои имаат соодветна материјално техничка база како одговор на сите одложени настани и ненадоместливата штета”

Во делот на мерката за подршка на домашен туризам која што Министерството за економија го има предвидено во Програма ќе се разгледува и предлогот истата да се дополнува и со ранливи категории како што се пензионери и граѓани со одредени заболувања.

Имајки го предвид горе наведеното Министерството за економија смета дека во ситуации каде што главен предизвик е решавање на проблемот со вирусот COVID-19  не треба да се гледа можност за користење на ситуацијата за постигнување на одредени придобивки.

Апсолутно сме свесни дека туристичкото стопанство има сериозни последици , но факт е дека и другите гранки од економијата ги чуствуваат истите.

Потребен е прагматичен, ефикасен и ефективен пристап кон проблемот – изјавија од министерството за економија.