Вести Македонија Ударни вести

Од утре за влез во објекти потребен е сертификат со 2 дози на вакцина

Сподели:

 

Почнувајќи од утре, 15 ноември, за влез во објекти е потребно: -сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, информираат од МЗ.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.

Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот. 

Сподели: