Вести Свет

Снежна бура во САД – откажани преку 5.000 летови

Сподели:

 

Голем дел од САД е зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 5.000 летови на аеродромите низ земјата. Најголемиот број од откажаните летови се на аеродромите во Чикаго, како аеродромот во Њујорк и Детроит.

Во поголем дел од земјат е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд.

На одредени места во земјата ќе се спушти температурата на -45 степени целзиусови. Овие временски прилики се очекува да предизвикаат хаос и многу здравствени проблеми.

Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари.

Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико.

Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС).

Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба.

Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.

Сподели: