Вести Македонија Ударни вести

Одбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката

Сподели:

 

Со поддршка на општина Чаир и во организација на Мрежата на Жените во науката, вчера беше одбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката – 11 февруари.

Во своето излагање, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу истакна дека зајакнувањето на улогата на жената, особено во науката, е иднината на државата. Тој додаде дека учеството на жените во науката треба да се гледа како достигнување и неопходност за целото општество.

 

 

„Жените се главниот столб на семејството, тие се мајки, сопруги, сестри, зошто да не бидат и главниот столб на државата во областа на науката, научното истражување, научните откритија, бидејќи жената е всушност раката што го движи човештвото. Нема да одам предалеку за да давам примери, ќе застанам кај нашата прекрасна општина Чаир од каде што доаѓаат многу успешни жени и девојки од различни гранки на медицината, информатиката, општествените науки каде што има стотици професорки кои денес се пример за сите. Каде што има 11 едукативни и образовни институции, додека 7 од нив ги водат докажани жени со многу силен багаж. Причината поради која нагласувам кој ги води овие институции е дека од тука потекнуваат научниците на нашата иднина“, рече Ганиу.

 

 

 

Тој нагласи дека ако на детето од првите чекори му се даде пример како треба да биде положбата на жената во општеството, дека жената не треба да се занимава само со домашните работи, туку дека може да биде научник, претседател, пратеник, професор, директор, адвокат, лекар, геодет или архитект, тоа општество никогаш нема да пропадне.

Инаку, на Манифестацијата по повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката учествуваше и првата дама на државата Елизабета Ѓоргиевска, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, како и многу жени и девојки кои се занимаваат со наука.

Сподели: