Вести Македонија Ударни вести

Во Шуто Оризари точно една година нема матичен гинеколог

Сподели:

 

Иницијативата на жени од Шуто Оризари денеска ја одбележа годишнината од немање на матичен гинеколог во нивната општина.

„Од 8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме на сред пандемија со ковид-19, откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација“, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

Иако Министерството за здравство најави отворање на нова гинеколошка ординација, истата сè уште не е отворена и репродуктивното здравје на жените од оваа скопска општина веќе подолго време е ставено во ризик.

Инцијативата на жени од Шуто Оризари апелира до Министерството за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување со работа на гинеколошката ординација во Шуто Оризари, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки.

Сподели: