Вести Македонија Ударни вести

Одбележување 20 години од мисијата на Меѓународната организација за миграции

Заменик министерот Андреј Жерновски денеска ќе учествува на свеченото одбележување на 20 години од мисијата на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во земјава. Република Северна Македонија стана членка на Меѓународната Организација за Миграции во 2014 година, a претходно имаше статус на земја-набљудувач.

Овој заеднички настан е со цел одбележување на две декади од работата на Мисијата на ИОМ во земјава и ќе се даде осврт на спроведеното. Во склоп на настанот Министерот Едмонд Адеми и Регионалнитот Директор на ИОМ Аргaнтина Сабадош ќе потпишат и Меморандум за соработка на полето на соработката од областа на дијаспората.

На пригодната свеченост покрај Заменик министерот ќе се обратат  и Едмонд Адеми, Министер без ресор задолжен за дијаспора, Аргантина Сабадош, ИОМ, регионален Директор за југоисточна Европа, источна Европа и централна Азија; Росана Дуджак, Резидентен координатор на ОН; Питер Ван Дер Oвараерт, ИОМ, суб-регионален Координатор за регионот на Западен Балкан  како и Соња Божиновска Петрушевска, Шеф на канцеларијата на ИОМ во земјаaва.

Сподели: