Одбележување на Меѓународниот ден на Ромите

Сподели

 

Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија (ИППГ) заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците денеска во Собранието ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромите.

 

 

Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателка на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија Љатифе Шиковска и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Видео-обраќања ќе имаат генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации Антонио Гутереш и Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.

 

wikipedia

 

Предвидено е и свечено доделување на плакети за даден придонес во процесот на интеграција на Ромите во РС Македонија. Плакета ќе добие Зоран Димов, претседател на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите ќе има можност за разгледување на изложбени историски артефакти преку фотографии и видео.