Ангелоски на конференцијата „Know How – FOR OPEN BALKAN“ во Бања Лука

Сподели

 

Здружението на млади економисти на Република Српска, со поддршка и под покровителство на Министерството за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска, се организатори на конференција под слоганот „Know How – ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН“  која се одржа во Бања Лука.

Ова е петта година по ред како се организира ваков настан на кој се анализираат различни актуелни теми од сферата на дипломатијата, економската соработка и пазарните можности. Овогодинешната конференција е поделена на три панели:

  • Отворен Балкан, можности и предизвици;
  • Дали сме подготвени за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал;
  • Глобални, европски и регионални иницијативи како развојна можност.

Ангелоски е учесник на вториот панел на оваа конференција „Дали сме подговени за слободен проток на луѓе,стоки, услуги и  капитал“ заедно со Бојан Станиќ помошник директор за стратешка анализа  Стопанска комора на Србија, Горан Рачиќ Претседател на подрачната стопанска комора на Бања Лука и Георгие Михајловиќ од „Telegroup System“.

 

 

„Отворен Балкан значи отварање нови перспективи на заедништво, заеднички политички и економски раст, поврзување и можност за долгорочен развој и заеднички регионален пазар. Интернационализацијата е тренд кој мора да се следи за да се постигне и оддржи солиден раст и развој на бизнисите, поради тоа работиме континуирано на отварање нови пазари на нашите компании и привлекување инвестиции“ истакна Ангелоски.

Целта на годишната конференција е на едно место да се соберат претставници на институции и бизниси од земјите кои веќе се учесници во зоната Отворен Балкан, за да можат да ги споделат своите искуства и да учествуваат во дискусијата за поставените теми.

Конференцијата ја отвори претседателот на Владата на Република Српска, г. Радован Вишковиќ. Модератор на панелот е Маријана Раџевиќ, шеф на кабинет во Министерство за финансии во Република Српска.