Одбиена жалбата, Мијалков останува во Шутка

Сподели

 

„Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името “Таргет – Тврдина”, по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди – се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, – се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.