Одличен преоден рок за Милан – Договорени уште две засилувања!

Сподели

Loading

Кога Сандро Тонали беше продаден на Њукасл за околу 70 милиони евра, се чинеше дека Милан ќе има лош преоден рок, но тоа брзо се промени, па по петте досегашни засилувања сега се комплетирани шестото и седмото за новата сезона.

Милан го засили средниот ред со доведување на холандската сензација Тијани Рајндерс, додека најголемо засилување во офанзивниот дел на тимот е Кристијан Пулишиќ од Челзи, пренесува Кликс.

Тимот официјално го засили големиот талент на Лацио, Лука Ромеро, а на гол-линијата пристигна Марко Спортиело од Аталанта.

По тие пет засилувања, Милан продолжи со фантастичен преоден рок и денеска го комплетираше потписот на уште двајца играчи.

Прв е напаѓачот на Салцбург и швајцарската репрезентација Ноа Окафор. Трансферот го потврди Фабрицио Романо со познатите зборови “Here we go”.

Младиот напаѓач ќе пристигне утре на веќе закажаните лекарски прегледи, а тоа комплетирање на работата која ја бараше тренерот Стефано Пиоли минатата година. Трансферот ќе чини околу 14 милиони евра.

Уште еден во низата играчи кои треба да го комплетираат трансферот во Милан е потписот на крилниот напаѓач на Виљареал, Самуел Чуквуезе, кој со години игра блескаво во Шпанија.

Нигериецот во наредните денови ќе го засили Милан бидејќи клубовите се блиску до конечен договор. Чуквуезе веќе има договор со Милан.

The post Одличен преоден рок за Милан – Договорени уште две засилувања! first appeared on .

Powered by WPeMatico