Вести Македонија Ударни вести

Одложен огласот за советници во СЈО

Сподели:

Пропадна изборот на 30-тина советници и соработници кои требаше да почнат со работа во СЈО поради технички пропуст во огласот. Наместо да почнат со работа во август, советниците и соработниците ќе почекаат да завршат изборите, бидејќи изборниот законик забранува секаков вид вработувања за време на предизборието и изборниот процес. Изборот требаше да се изврши во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување, пренесува Макфакс.

Тимот на Јанева во огласот бараше да бидат вработени пет виши јавнообвинителски советници, еден советник информатичар, четворица економисти, тројца виши јавнообвинителски соработници, преведувач, референти. Освен тоа, се бараа и лица кои вршат помошни и технички работи како доставувачи, хаус-мајстор и работник во биде. Иако на СЈО му истече рокот да покренува обвиненија, сепак во наредните три години тие ќе продолжат да водат предистражни и истражни постапки.

Сподели: