Одложено судењето за „Тврдина 2“, Шврговски ќе се запознава со случајот

Сподели

Денешното рочиште за случајот на СЈО, „Тврдина 2“ е одложено за 26. септември поради смена на адвокатот на одбраната. Случајот од Никола Додевски го презема адвокатот Љупчо Шврговски кој пред судот изјави дека му е потребно вереме за да се запознае со обвинението и најави дека ќе поднесе жалба за мерката за обезбедување, која Кривичниот совет на Кривичниот суд му ја одреди на неговиот клиент.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска најави дека во текот на оваа недела ќе поднесат жалби на решенијата на Кривичните совети на Кривичните судови.
„Во текот на оваа недела, како што истекува рокот, ќе бидат поднесени жалби на решенијата од Кривичните совети. Образложенијата кои ги добивме за одбивањето на мерките за притвор се различни, рече Ристоска.

На денешното судење се појавија и двајца сведоци. Обвинетите во случајот, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и пет службенички претходно се изјаснија како невини. Тие се товарат за уништување на документација поврзана со скандалот со прислушувањето.