7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.Во вечерните часови, почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната до максимални 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Во вечерните часови, почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне 16.

Во среда врнежи од снег ќе има во поголем дел од земјава. На планините, особено на запад снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 см, а помала снежна покривка се очекува да се формира и во поголемиот дел од земјава. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Сподели: