Одобрени средства за Скопски Џез Фестивал, Златно славејче, ОФФ Фест, МКЦ

Сподели

Министерството за култура на својата веб-страница ги објави финалните резултати од годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

На листата на пријави со одобрени средства се најдоа одбиените Скопски џез фестивал, кој сега доби 3 милиони денари од побарани 7 милиони 775 илјади денари, Офф фест со 1 милион денари од побарани 6. Младинскиот културен центар ќе добие 150 илјади денари, од побарани 480 илјади денари за фестивалот „Здраво млади“. „Радиото 103“ добива 60 илјади денари, од побарани 977.850 денари за фестивалот „103 генерации“, а „Пасворд продукција“ за  „Д фестивал“ добива 1 милион денари, од побарани 6 милиони денари. Културниот центар „Интерарт“ доби 1 милион и 500 илјади денари, од побарани 6 милиони, за организирање на 15-то јубилејно издание на „Танц фест Скопје“, а „Интерфест“ од Битола доби 1 милион и 300 денари, од побарани 3 милиони и 100 илјади денари. Од издавачката дејност, жестока реакција дојде од издавачката куќа „Или-или“ од каде се пријавиле со 10 книги. Во најновите резултати тие се појавуваат со 9 одобрени книги. Министерството соопшти дека средства ќе добие и детскиот фестивал „Златно славејче“.

Целата листа со одобрени проекти од национален интерес во културата за 2019 година може да ја погледнете на следниот ЛИНК

„Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето. Министерството за култура ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата со субјектите кои се носители на прифатените проекти“, информираат од Министерството.