Официјална посета на МНР на Германија: Средба Хајко Мас – Димитров

Сподели

 

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, во чии рамки ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На средбата, министрите Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

Покрај средбата со својот домаќин МНР Димитров, германскиот МНР, Мас ќе се сретне и со државниот врв на Република Северна Македонија.