Официјалната страна на Претседател на државата сеуште непроменета

Сподели

 

Иако од вчера и официјално е избран Стево Пендаровски за Претседател на државата, на веб страницата на шефот на државата – http://pretsedatel.mk/. сеуште стои стариот претседател, Ѓорѓе Иванов, со неговите изминати активности и соопштенија.

Од кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, од вчера почнаа да испраќаат соопштенија до медиумите за вчерашните и денешните активности на Пендаровски, но страната не е променета и не стојат новите активности на новоизбраниот претседател.