Вести Изјави Македонија Ударни вести

Филипче: Зголемен е буџетот за ретки болести и изнесува 380 милиони денари

Сподели:

 

“Се грижиме за подобри услови и воведување на нови лекови за лицата со ретки болести. Годинава, зголемен е буџетот за ретки болести и изнесува 380 милиони денари. Во 2018 година воведовме 3 нови лека, од кои еден за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија и нов лек за болеста Гоше. Оваа година, воведуваме уште на два нови лека, меѓу кои и нов лек во таблетарна форма за болеста Гоше.

Воспоставивме електронски регистар за сите пациенти, кои се заболени од ретки болести. Ова е првпат да постои систем каде точно се има евиденција за секој пациент. Регистарот го направи Националната комисија за ретки болести, каде членуваат медицински лица кои ги водат овие случаи”. – напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот ФБ профил.

Сподели: