ОЈО: Екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо

Сподели

Јавното обвинителство на РС Македонија тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, се наведува во денешното соопштение на ОЈО.

Денеска официјално е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, информираше министерот за правда Кренар Лога.

“Почитувани граѓани и непочитуван г. Ковачки, Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда”, напиша Лога на фејсбук