Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на земјава, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа.


