ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе биде во интервалот од 25 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Температурата во главниот град ќе се движи во интервалот од 16 до 36 степени.

Времето во текот на наредните денови ќе биде сончево и без врнежи, со благо намалување на дневната температура.