ОЈО со обвинение против Владимир Панчевски за манипулации со АКМИС

Сподели

 

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1.

Тој се товари за злоупотреба на Информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).

Според соопштението од ОЈО Скопје во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

Случајот се влечкаше повеќе од година и половина, откако Министерството за правда го достави извештајот од контролата на АКМИС-от до Основното јавно обвинителство Скопје, а речиси две години откако тој беше презентиран.