ОЈО: Започнате е постапката за случајот со претепаната жена од Гостивар

Сподели:

Јавното обвинителство соопшти дека се преземаат итни дејствија за прибирање докази за случајот со претепаната 42 годишна жена од Гостивар, која два дена била изложена на физичко насилство од сопругот. Таа синоќа била примена во Клиничкиот центар во Скопје, во животозагрозувачка состојба.

Сопругот е спроведен во Психијатриската болница во Бардовци.

„Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, велат од Обвиниелството.

Сподели: