Оланд: Франција се соочува со тeрористичка закана од широки размери

Сподели

thumbs_b_c_497cf59ff88380d21ffc1a866e6af742

ПАРИЗ (АА) – Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека нападот во којшто е убиен француски полицаец и неговата сопруга, полициска службеничка, „несомнено е терористички чин“ и дека Франција се соочува со терористичка закана од широки размери, пренесува Anadolu Agency (AA).

Повикувајќи се на извори блиски на истрагата, медиумите во Франција јавуваат дека осомничениот за синоќешното убиство на француски државјани е идентифукуван како Лароси Абала (25), кој во 2013 година бил осуден на тригодишна затворска казна за регрутирање на борци и учество во екстремистичка организација поврзана со Пакистан.

Оланд утрово свика итен состанок по којшто соопшти дека неговата земја се соочува со закана од „многу широки размери“.

„Франција не е единствена земја на која ѝ се заканува тероризмот, како што тоа повторно го видовме во Орландо, во САД“, рече францускиот претседател.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казенев, исто така, го осуди убиството на францускиот полицаец и неговата сопруга во предградието на Париз, истакнувајќи дека се работи за „кукавички терористички акт“.

Казенев по итниот состанок со претседателот на Франиција Оланд и други високи функционери изјави дека заканата од терористички напади и понатаму е висока, но не ги изнесе деталите за нападот кој ја вознемири француската јавност.

„Заканата е голема во Франција, во Европа, во Западниот свет, како што сведочат настаните кои се случија пред 48 часа во САД“, рече францускиот министер.

Казенев ја посети полициската станица каде што работел починатиот 42-годишен полицаец Жан-Баптист Салваин. Францускиот полицаец и неговата споруга се убиени во напад кој се случи доцна синоќа во предградие на Париз, а за време на полициската акција е убиен и напаѓачот. Напаѓачот со нож го усмртил полицаецот кој во цивилно одело се враќал од должност. Тој потоа влегол во неговиот стан во квартот Мановил и ги заробил неговата сопруга и децата.

Членовите на специјалната единица „Raid“ ја опколиле зградата и иницирале преговори со киднаперот. Преговорите не вродија со плод, па полицијата извршила упад во објектот и го застрелала напаѓачот. Притоа напаѓачот ја убил сопругата на полицаецот, додека децата се спасени.

Француските медиуми пренесуваат дека новинската агенција “Amaq”, позната како блиска со терористичката организација ДАЕШ, објавила дека „борец на ДАЕШ, во близина на Париз, во градот Ле Миро, со ладно оружје го убил заменикот-шеф на полицијата и неговата сопруга” .

извор: AA.COM.TR