Вести Македонија Ударни вести

Он-лајн проверка на приватизација на градежното земјиште

Сподели:

 

 

Предметите поднесени за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во 2018, 2019, 2020 граѓаните можат да ги следат до која фаза на решавање се на порталот privatizacija.finance.gov.mk, соопштува Министерството за финансии.

“Постапката за користење е многу едноставна. Потребен е архивскиот број на предметот, кога и во кое подрачно одделение е поднесен, како и катастарска парцела и катастарска општина за кои се однесува барањето. Доколку барателот не ја знае катастарската парцела и општина, доволно е само да го внесе својот матичен број или даночен број во случај на правно лице. Софтверот потоа на е-маилот на барателот, доставува податоци во која фаза на решавање е предметот, односно дали е решен”, појаснуаат од Министерството за финансии.

На овој начин, граѓаните и фирмите на брз и едноставен начин можат да се информираат на платформата, преку својот паметен уред, без да доаѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи.

Станува збор за околу 11.500 предмети поднесени во овој период, – се наведува во соопштението.

Сподели: