ОН: Околу 10 милиони лица во Ирак зависат од хуманитарна помош

Сподели

thumbs_b_c_24d6825d955fb998ef9f8271a59a009b

ЊУЈОРК (АА) – Обединетите нации (ОН) вчера соопштија дека бројот на лицата кои морале да ги напуштат своите домови поради операцијата на ослободување на ирачкиот град Мосул од терористите на ДЕАШ достигнал до 59 илјади, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на ОН се наведува дека минатиот месец од започнување на акцијата на ослободување на ирачкиот град Мосул, напоменувајќи дека најмалку 59 илјади лица, од кои 26 илјади деца, морале да ги напуштат своите домови.

ОН апелираше до меѓунароната заедница да пружи секаков вид на помош и поддршка на овие лица.

Во соопштението се наведува дека од 59 илјади раселени лица, 40 илјади се сместени во камповите подигнати со помош на ОН и ирачката Влада.

Се додава дека и невладините организации на тоа подрачје пружаат помош на бегалците во камповите како и во местата кои неодамно се ослободени од ДЕАШ.

Во соопштението на ОН исто така се наведува дека околу 10 милиони лица во Ирак се наоѓаат на граница на глад и зависат од хуманитарна помош, па се повикува на достава на поголема количина на хуманитарна помош на тоа подрачје.

Поради започнувањето на зимата и ниските температури, бегалците на тоа подрачје итно им се потребни храна, лекови, ќебиња и греалки.

Ирачката војска, со поддршка на воздушната коалиција предводена од САД и локалните сојузници на терен, на 18 октомви оваа година покрена опсежна воена акција на ослободување на Мосул од ДЕАШ.

Терористичката организација го зазеде Мосул кон средината на 2014 година. Тогаш ДЕАШ освои и големи делови на територијата на северен и западен Ирак.