Оние кои се против законот за високо образование, се плашат од новите критериуми за избор во звање

Сподели:

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Законот за високо образование и кои се очекувањата во однос на Законот, изјави:

„ Сите оние политички шпекуланти коишто јавно кажуваа дека се против законот, наводно на тој начин се нарушувала автономијата, импровизираат и манипулираат. Зошто, впрочем ги видоа вчера ректорите на државните универзитети како го поддржуваат. Тие во суштина се плашат од новите критериуми за избор во звање. 

Тие сакаат да работат еден ден во неделата. Сакаат плата 120-150.000 денари, а не сакаат еден труд да напишат годишно, што им е работа, еден труд. Тоа е исто како, како јас сега како претседател на Владата да доаѓам на работа пола ден во неделата и да барам да имам десет пати повисоки примања и да не одговарам за ништо во државата. Мора да работат, ако сакаат и ако сакаат да имаме иднина како држава, мора да се зафатат со работа.

Инаку, оваа Влада ги покачи платите како резултат на Колективниот договор, двојно кај универзитетските работници.

Сподели: