Операција „антиквизација“ – Јове КЕКЕНОВСКИ

Сподели

анти

На една гала вечерна беседа во замокот на еден крал, присутните министрите се обиделе да го наговорат суверенот да отпочне постапка за промена на историјата, односно да почне со интерпретација и промоција на митската историја, а вистинската која е заснована на факти, малку да ја остави настрана. По можност и да ја заборави. Отако внимателно ги сослушал сите министри кралот им одговорил:

,,Господа министри, Вие намерно сакате вашиот и мојот народ да го манипулирате и да го споредувате со стадо овци, бидејки знаете дека доколку пред Вас имате паметен и свесен народ тој ќе побара многу попаметни министри од Вас”.

Анализирајки ги умните опсервации на суверенот од денешен аспект се прашувам дали целата досегашна промовирана и практикувана политика вклучувајќи ја и т.н операција ,,антиквизација” е исто така наменета за ,,заблудување“ на свеста на македонските граѓани, а се со цел непречено владеење и арамилак. Сосема логично е моето право да да размислувам во насока ако со целата досегашна политика немаше за цел да се исправат некои историски невистини и неправди, како и да се создадат услови за живење во благосостојба, среќно и безгрижно за сопствената иднина, тогаш логично е да претпоставам дека целта била да се направи злостор по сите основи за да може полесно и по можност вечно да се владее.

Во овој текст сосем накратко ќе се задржам на т.н операција ,,антиквизација” која лично мене ми наликува на специјално политичко-визуелно риалити шоу. Во ова наше шоу релизирајќи ја замислената цел (да се занимаваме сами со себе и притоа ако е можно конечно меѓусебно да се ,,доизедеме”) авторите на операцијата во бекстејџот го реализираа инжинерингот на народно осиромашување и лично богатење. Значи две во едно: ,,И волкот сит и овците на број”,

Секако дека ова не е случајност туку е резултат на долго планираниот обид за културолошки инженеринг спроведен преку првите владини луѓе, дел од локалната самоуправа и останатите институции, а со единствена цел што е можно полесно и подолго да се манипулира со народот. Да се сврти вниманието на друга страна, за да може полесно да се реализираат лукратините цели и интереси. Или пак со други зборови, за да се освои власта и непречено да се владее, државно-партиската врхушка врв се наврати и ја употреби веќе проверената карта. Сe играше со ветувањата, историјата и емоциите на народот. Наместо со проблемот на идентификација односно со истражувањето на еден историски период да се занимаваат историчарите, генетичарите, археолозите, антрополозите или пак историчарите на уметноста, тоа стана главна преокупација и моќно орудие во рацете на квази политичари, уметници и професори со сомнителен морален идентитет и кредибилитет.

Замислете која перверзија ни се случуваше пред нашите очи со посредство и помош на клиентелистите и контролираните и корумпирани медиуми и новинари. Ако од една страна големите патриоти и довчерашни југоносталгичари говореа за антиквизација, од друга страна не смееа да го споменат името на Александар Македонски.! Притоа истите тие (денес докажани лажни патриоти) со нашиот најголем непријател тајно преговараа за промена на вековното ни име Македонија. Глумеа националисти, а од друга страна правеа несогледливи штети на македонецот. Амнестираа злосторници за да бидат на власт, на своја рака разменуваа територии за проекти, ја проблематизираа сувереноста и територијалниот интегритет. И сето тоа со вешто и умешно миксирано во содејство со коалициониот партнер и брат по бизнис.

И на крајот за да нештата за почеток станат појасни… Доколку се обидеме да го „дешифрираме” почетокот на овој порив за политичко манипулирање со историјата и чувствата на сопствениот народ, треба да се навратиме наназад во времето кога се распаѓаше Демократската Алтернатива. Тоа е период кога голем број на нејзини пулени од шестиот ешалон благодарение. на своите роднокрајски роднини и врски, но и безбедносни структури преку ноќ станаа дел од високите структури на нашето ВМРО ДПМНЕ. Брокерот од Балканската банка и одбраните за таа цел почнаа да ја создаваат новата ,,рожба“ која одамна требаше да биде наречена ДАПМНЕ – (Демократска Алтернативна Партија за Македонско Национално неЕдинство)