Театар Куманово: Online програма за деца – “Волшебникот од ОЗ”

Сподели

 

Драга публико, Театар Куманово со години наназад работи на детски претстави и зајакнување на репертоарот за деца. Најмалите се наша значајна публика и поддржувањето на нивниот воспитно-образовен процес е нешто што ние го работиме со многу љубов.

Затоа, во овие денови без училиште, повелете на нашиот online настан и погледнете една од нашите најпопуларни детски претстави.

“Волшебникот од Оз” ја имаше својата премиера во 2016 година.
Од денес до петок можете да ја гледате на следниов линк:
https://youtu.be/7nixc4yRxPk

Останете дома со вашите деца и уживајте во нашата сценска приказна.
Линкот ќе биде отворен за сите до петок (20.03.2020 до 20:00)

Работена е според романот на Франк Лајман Баум.
Режија: Бојана Краљевска
Актерска екипа: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Мартин Лазаревски, Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ.
Драматург: Зоран Зафировски
Сценографија: Антонио Пешевски
Избор на музика: Зоран Зафировски
Изведувач на костим: Биљана Филиповска