Општина Гостивар со предлог за заштеда на енергија во основните и средните училишта

Сподели

 

Општина Гостивари почна со заштеда на енергија пред Владата да ги одобри мерките и препораките за заштеда на енергија.

Исклучување на дел од уличното осветлување, координација со директорите на основните и средните училишта како и со директорите на градинките се дел од мерките што ги презема општина Гостивар за заштеда на електрична енергија.

„На денешната средба со директорите на училиштата ќе зборуваме за почетокот на новата учебна година и за заштедата на електрична енергија. Како општина ќе поднесеме две барања до Министерството за образование, првиот зимски распуст да биде декември-јануари, односно два месеци, а летниот распуст да трае околу месец и половина, односно во јуни да заврши учебната година и на 15 август да почне новата учебна година. Второто барање ќе биде училишната струја да ја плаќаме како за домаќинствата, а не како индустриска“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Општина Гостивар има подготвено план за заштеда на струја и дел од јавното осветлување на полноќ ќе биде исклучено на главните улици, но не и на споредните. Исто така, општина Гостивар и другите општински институции ќе преземат мерки за заштеда на електрична енергија.