Решен е проблемот во Фондот за здравство, вработените во МВР можат да го користат здравственото осигурување

Сподели

 

Ја известуваме јавноста дека е решен проблемот кој се појави во Фондот за здравство и сите вработени во МВР можат да го користат здравственото осигурување, информираат од Министерството за внатрешни работи.
 
Како што веќе известивме, за сите вработени во Министерството за внатрешни работи редовно се уплаќаат придонесите во законски утврдените рокови, но вчера настана проблем поради пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос.
 
МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот е надминат.