Општина Карпош: На градинката „МАЈСКИ ЦВЕТ“ поставени се хибридни колектори

Сподели

 

Заврши поставувањето на првите хибридни колектори на јавен објект кај нас кој е под надлежност на некоја локалната самоуправа, поточно во Општина Карпош.

На еден од поновите објекти на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2, поставени се колектори кои преку искористувањето на сончевата енергија произведуваат 300 литри санитарна топла вода и 3,2 киловати струја. Тие заменија четири стари бојлери (по 80 литри) и ќе придонесат за пониски трошоци за струја и вода.

 

 

” Топлата вода ќе се користи за потребите на кујната на објектот „Јасмин“, во кој се подготвуваат оброци за дечињата, а струјата секако ќе служи за нормално функционирање на установата. Инвестицијата е во вредност од 296.000 денари, буџетски средства на Општина Карпош, а поддршка за овој проект даде и компанијата „Солар и квазар“, рече градоначалникот Стефан Богоев.

Градоначалникот напомена дека и на дневно ниво се повеќе се зголемува интересот од граѓаните за користење на обновливите извори на енергија, во нивните индивидуални домаќинства.

– Има интерес за инсталирање на фотоволтаици, сончеви колектори, со што се потврдува дека навиките можат да се менуваатна подобро. Во овој дел и општината треба да биде уште поголема поддршка за граѓаните. Особено за поедноставување на административните постапки и нивно поефикасно спроведување, истакна Богоев.