Три големи поставки во Музејот на современата уметност Скопје

Сподели

 

Трите големи поставки во Музејот на современата уметност Скопје ќе бидат отворени до крајот на февруари.

 

 
Меѓународната изложба Сета Љубов (All the love) обединува 11 светски познати уметници. Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамки на поставката со свои дела, уметнички инсталации, видеа… претставени се дела од Кети Чукров (Русија), Хедер Дјуи Хагборг (САД), Коко Фуско (Куба), Карлос Мота (Колумбија), Ширин Нешат (Иран), Агњешка Полска (Полска), Рена Редл и Владан Јеремиќ (Србија), Нора Турато (Хрватска) како и македонските уметници Велимир Жерновски и Никола Узуновски.
 
Големата ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“, курирана од Зоран Петровски.
 
 
 
Ретроспективната изложба го прикажува делото на еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чија што речиси четири децениска уметничка практика ја дефинира постојан истражувачки интерес и смела инвентивност во формирањето и изразувањето на неговата ликовна мисла и поглед на светот и времето што го живееме.
 
 
 
 
И изложбата „70те и 80те во македонската ликовна уметност“. Кураторка на поставката е Марика Бочварова Плавевска. Застапени се дела од различни медиуми – сликарство, инсталација, фотографија и скулптура, од автори како Петар Мазев, Ристо Калчевски, Симон Шемов, Душан Перчинков, Томо Шијак, Евгенија Демниевска, Благоја Маневски, Родољуб Анастасов, Славчо Соколовски, Станко Павлески, Глигор Стефанов, Петре Николоски, Симе Узуновски.
 
Музејот, од вторник до сабота е отворен од 10 до 20 часот, а во недела до 13 часот.
Посетата на поставките се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.