Со општински возила се создаваат диви депонии

Сподели:

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните. Возила со општински ознаки, кои само пред една недела добија нови црвени таблици заради разграничување од комерцијалните, се затекнати во создавање диви депонии на подрачјето на Јурумлери, информираат од Град Скопје.

Наместо да ја извршат својата законска обврска и да го исчистат просторот на Вардариште, одговорните во општината самите организирале создавање на депонии. Дополнително, дел од нив биле подметнати и запалени, со што е предизвикано сериозно загадување.

Оваа практика претставува сериозен доказ дека дел од општинските структури активно учествуваат во создавањето и ширењето на диви депонии, а потоа свесно ги палат, со што предизвикуваат голема штета по животната средина и по квалитетот на воздухот.

Потсетуваме дека ваквите активности се во директна спротивност со законските обврски на општините и претставуваат кривични дела за кои мора да следи соодветна одговорност.

Се повикуваат сите надлежни органи веднаш да постапат согласно законските надлежности.

Во прилог линк од објавата на социјалните мрежи на Град Скопје 

https://www.facebook.com/share/v/1Gf2EvkFv9/?mibextid=wwXIfr

Сподели: