Орце бега од дебата и одговорност-ДПМНЕ го уништува Институтот „советнички прашања“

Сподели:

Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, остро реагираше на новиот начин на работа што го наметнува мнозинството предводено од ДПМНЕ.

Наместо советничките прашања да бидат алатка за непосредна контрола на градоначалникот и градската администрација, ДПМНЕ воведува апсурден модел во кој сите прашања однапред се поставуваат, по што следува пауза од 20 минути за подготовка на однапред смислени одговори. Наместо дебата и соочување со фактите, Орце Ѓеорѓиевски добива простор за непречени монолози без можност веднаш да биде соочен со сопствените противречности.

Кога нема резултати и нема решенија за проблемите на скопјани, останува само бегање од одговорност и гушење на дебатата. Очигледно, на ДПМНЕ повеќе им пречи контролата од страна на советниците отколку хаосот што секојдневно го произведуваат во градот.

Левица нема да дозволи Советот на Град Скопје да се претвори во сцена за политички монолози и маркетинг, наместо во место каде власта одговара пред граѓаните.

Сподели: