Оштетени бистите на поетите Анте Поповски и Славко Јаневски

Сподели

 

Оштетени се бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга.

Бистата на еден од најистакнатите македонски поети, Анте Поповски била откорната и фрлена во Охридското Езеро, а бистата на Јаневски била оштетена и свртена наопаку на постаментот.

 

 

Од охридската полиција велат дека извршен е увид и се трага по сторителите и откривање на мотивите на овој вандалски чин.

Од поетската манифестација Струшки вечери на поезијата остро реагираат на ваквото вандализирањето на бистите на македонските поети и очекуваат сторителите веднаш да бидат казнети.

“Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето. Настанот е пријавен во полиција, извршен е увид и очекуваме сторителот да биде најден и против него да биде поднесена пријава. Апелираме за елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали”, велат од СВП.